Достапни линкови

По навредливите песни, Паљо му даде поддршка на Талески


Зоран Лазаревски - Паљо, бодибилдер и кандидат за градоначалник на Битола.

Зоран Лазаревски - Паљо, бодибилдер и кандидат за градоначалник на Битола.

Познатиот битолски билдер Зоран Лазаревски-Паљо, кој не влезе во вториот круг како независен кандидат за градоначалник на Битола, ги повика неговите гласачи да му ја дадат довербата на Владимир Талески од ВМРО-ДПМНЕ.

Познатиот битолски билдер Зоран Лазаревски-Паљо, кој во првиот круг ја изгуби битката како независен кандидат за градоначалник на Битола, ги повика неговите гласачи, околу 2.000, во вториот круг да гласаат за Владимир Талески од ВМРО-ДПМНЕ. Ваквата постапка ја искритикуваа од коалицијата на СДСМ потсетувајќи дека до скоро Лазаревски пишувал навредливи песни за Талески.
Поддршка му дава Зоран Лазаревски-Паљо кој на својот фејсбук профил за Талески, меѓу другото, има објавено: „Еј Владе, Владе на Битола ништо нити и пружи, нити и даде. Со двете раце грабаш жедно и земаш од народот кој живее бедно“.

ладимир Талески, градоначалник на Битола.

ладимир Талески, градоначалник на Битола.

„Поддршка му дава Зоран Лазаревски-Паљо кој на својот фејсбук профил за Талески, меѓу другото, има објавено: „Еј Владе, Владе на Битола ништо нити и пружи, нити и даде. Со двете раце грабаш жедно и земаш од народот кој живее бедно. Сега дури ми е јасно зошто Битола е толку уништена, а битолчани толку несреќни“. Како може Владимир Талески да ги голтне сите овие навреди и да ја прифати поддршката од Паљото. Е Паљо, Паљо зарем толкав маж, храброста и одважноста да те држат три дена? Или можеби во прашање се закани и притисоци?“, обвини Златко Алексоски од „Сојузот за иднината“.

Лазаревски вели се работи за негова слободна волја, а не за притисоци.
Добив во последните денови гаранција од Владата дека Битола многу ќе напредува во следните четири години и дека Талески ќе ја реализира својата програма.

„Гласачите сами докажаа дека не веруваат во независни кандидати и јас се почувствував осамен во мојата идеја. Добив во последните денови гаранција од Владата дека Битола многу ќе напредува во следните четири години и дека Талески ќе ја реализира својата програма. Исто така сите знаеме дека мнозинството во Советот е на ВМРО-ДПМНЕ, нема да има логика и негативно ќе биде ако градоначалникот биде од СДСМ, ќе доаѓа до опструкции на програмата и проектите“, вели Лазаревски.

Владимир Талески, кандидат на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека секој гласач е добредојден и очекува независните гласачи да го поддржат поради остварените дела.

„Практично, граѓаните се одлучија за дела, за резултати, за континуитет во соработката меѓу градоначалникот и мнозинството во Советот, за континуитет во соработката меѓу градоначалникот и Владата“, вели Талески.

Освен Паљо, ни еден друг од останатите пет кандидати за градоначалник на Битола кои трката ја изгубија во првиот круг, не се произнесоа дека гласовите му ги даваат на Талески или Диневски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG