Достапни линкови

Судан ќе ги ослободи политичките затвореници


Суданскиот претседател Омар ал Башир

Суданскиот претседател Омар ал Башир

Суданскиот претседател Омар ал Башир нареди ослободување на сите политички затвореници. Говорејќи во Парламентот тој повика на национален дијалог со неговите политички противници, вклучувајќи ги и оние кои се вооружени. Во минатата недела потпретседателот Али Осман Таха посочи дека со подобрувањето на односите со Јужен Судан ќе се намалат политичките рестрикции во земјата.
Јужен Судан стекна независност по референдумот во 2011 година.
XS
SM
MD
LG