Достапни линкови

logo-print

Жалост во Штип поради загинувањето на тројцата млади


Поради сообраќајната несреќа синоќа на патот Скопје - Велес во која тројца млади штипјани го загубија својот живот, Општина Штип за денеска и утре прогласи Ден на жалост. Тројцата штипјани Стефан Николов (22), Бојан Бочварски (25) и Јани Димитриев (18) загинале на самото место. Тие со автомобил Фолксваген Поло на 500 метри пред патарината Петровец, ја изгубиле контролата врз возилото и ја пробиле заштитната ограда на патот, при што завршиле во каналот кој се наоѓа во близина на автопатот.
XS
SM
MD
LG