Достапни линкови

Иванов и благодари на Јапонија за употребата на уставното име


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими членовите на делегацијата од Јапонија, предводена од Минору Киучи, парламентарен заменик-министер за надворешни работи на Јапонија.
На средбата, соопшти денеска Кабинетот на претседателот, беше изразено задоволство од позитивниот развој на билатералните односи.
Претседателот Иванов се заблагодарил за одлуката на Јапонија за употреба на уставното име на Република Македонија во билатералната комуникација и посочил дека за продлабочување на соработката во сите области за кои постои неискористен потенцијал од двете страни, неопходен е континуиран и поинтензивен политички дијалог, средби и контакти на сите нивоа.
XS
SM
MD
LG