Достапни линкови

Интервјуто со универзитетскиот професор и прв министер за надворешни работи во самостојна Македонија Денко Малески, во кое тој зборува за спорот за името, е најкоментиран текст на нашата интернет страна.

Ако до пред еден ден најкоментирани од вас беа информациите за тоа кој победи во општина Центар или текстот во младинската он-лајн колумна на првиот човек на подмладокот на СДСМ, Дарко Давитковски - „Одиме понатаму“, нашето редовно неделно ТВ интервју со професор Денко Малески на колешката Мирјана Спасовска веќе синоќа изби на првото место.
Ако изборите беа фер и демократски, што бараа, министерке, вашите специјалци и Алфи во Струмица? Вооружени до заби со шлемови и пластични штитови не дозволуваа во турското маало да се извади кутијата од гласачкото место! Ќе морам да почнам да носам очила со диоптер штом не сум видел дека изборите биле фер и демократски.

Андреј Жерновски, лидерот на ЛДП (Либерално демократска партија), кандидат за градоначалник на Општина Центар во Скопје.

Андреј Жерновски, лидерот на ЛДП (Либерално демократска партија), кандидат за градоначалник на Општина Центар во Скопје.

Разбирливо, затоа што темата за името секогаш го крева адреналинот и предизвикува лути коментари од вас, почитувани, иако нам познатиот Полат Алемдар се обидува да внесе трошка смиреност: според него сите оние кои го критикуваат професорот Малески немале право зашто „тој е професор, бил дипломат, политичар, значи, не е обичен смртник“. Но сепак, Полат се прашува зошто како држава сме тргнале како слепи по морковот што го држат ЕУ и НАТО и предлага Македонија да оди во сојуз со други држави кои, како што вели, „ни го признаваат името и идентитетот - на пример, Кина, Русија, Индија или Турција?“

Инаку, многумина од испраќачите на пораки го нарекуваат професор Малески „предавник“, а слушател потпишан со Бивш професор му порачува: „Жално е што вие лично верувате дека ако си го смениме името и играме по нивно нешто ќе се смени. Зарем не сфаќате дека сме во право да се нарекуваме како сакаме и дека се Грците тие што го направија проблемот?“
Одговорноста за доцнењето е во Државната изборна комисија, а таму ја води лик од опозицијата.

Што се однесува до темата избори, во нашата анкета на прашањето дали првиот круг на локалните бил фер и демократски, над 57 отсто одговорите се дека не бил, а нешто над 36 отсто дека првиот круг поминал фер и демократски.

Полат испраќа коментар и по информацијата „Кој победи во општина Центар“: „Дали очите ме лажат или лаже министерката Јанкуловска? Ако изборите беа фер и демократски, што бараа, министерке, вашите специјалци и Алфи во Струмица? Вооружени до заби со шлемови и пластични штитови не дозволуваа во турското маало да се извади кутијата од гласачкото место! Ќе морам да почнам да носам очила со диоптер штом не сум видел дека изборите биле фер и демократски“.

Борче од Центар вината за доцнењето на избирачкиот материјал ја наоѓа во ДИК која, како што вели, „ја води лик од опозицијата кој намерно прави трикови под команда на БЦ“.

Кики од Скопје смета дека ако Тодоровиќ го признае поразот не ќе знае која казна попрво да ја избере: дали онаа од своето ВМРО при што ќе го изеде мракот или онаа од следната власт кога ќе одговара за сите испрани милиони преку Скопје 2014?
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG