Достапни линкови

logo-print

Турција може да биде модел за регионот, ако има мир


Турција ќе прерасне во модел за регионот, доколку успее да го реши курдското прашање, изјави турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек, објави весникот „Хуриет“.
Според Шимшек, со постигнувањето мир економијата на земјата дополнително ќе се развие, а парите кои се трошат за борба против тероризмот, ќе се користат за образование и здравство, инфраструктура и создавање нови работни места во Источна и Југо-источна Турција, областите кои најмногу се погодени од тероризмот.
Лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан повика за прекин на огнот и повлекување на курдските борци од Турција. Повикот е дел од директните преговори меѓу турските власти и ПКК за постигнување мирно решение на курдскиот конфликт.
XS
SM
MD
LG