Достапни линкови

Управниот Суд одлучува за жалбите по решенијата на ДИК


.

.

Вечерва во 19 часот истекува рокот во кој Управниот суд на Република Македонија треба да одлучи по тужбите поднесени од политичките партии по решенијата на ДИК во врска со приговорите за првиот круг од локалните избори.

Одлуките на Управниот суд се последни и конечни и по нив ќе се знае дали и на кои избирачки места ќе има прегласување на првиот круг.

Коалицијата „Сојуз за иднината“, предводена од СДСМ, вчера соопшти дека до Управниот суд има поднесено повеќе од 100 тужби, зашто смета дека Државната изборна комисија одлуките ги донела со надгласување, а не врз основа на закон и аргументи. Жалби имаат поднесено и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ, Демократска партија на Турците во Македонија.

На веб страницата веќе се објавени неколку одлуки на Управниот суд. Како неосновани се одбиени тужбите на СДСМ за поништување на гласањето на избирачките места 1934, 1965 и 1975 во Тетово. Одбиена е и тужбата на СДСМ за Аеродром, за избирачкото место 2267 во Штип и за избирачкото место 1381 во Прилеп. Не се прифатени и тужбите на ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место 0793 за Кичево, на ДОМ за Делчево и Богданци и Демократската партија за Турците во Македонија за четири избирачки места во Пласница.
XS
SM
MD
LG