Достапни линкови

САД испратија борбени летала на воените вежби во Јужна Кореја


САД испратија борбени летала од типот Еф -22 да учествуваат на воените вежби во Јужна Кореја, во услови на растечки тензии на Корејскиот полуостров. САД ги испрати леталата кои се невидливи за радар од базата во Јапонија за да даде американска поддршка на воените вежби во Јужна Кореја.
Во саботата Пјонгјанг прогласи воена состојба меѓу двете Кореи. Во соопштението Северна Кореја наведе и оти евентуална провокација на САД или Јужна Кореја би покренала нуклеарна војна.
XS
SM
MD
LG