Достапни линкови

Кина-две лица починале од нов вид на птичји грип


Две лица починале од нов вид на птичји грип во Шангај, кој досега не бил виден кај луѓето. Кинеската национална здравствена комисија соопшти дека двајцата мажи се разболеле во февруари, а починале на почетокот на март. Едниот бил на возраст од 87 години, а другиот имал 27.
Според комисијата, уште една жена е заразена од вирусот и се наоѓа во критична состојба. Жртвите најпрвин добивале симптоми на треска и кашлица, кои подоцна се развиле во пневмонија.
XS
SM
MD
LG