Достапни линкови

Денеска до 19 часот истекува рокот за поднесување тужби за одлуките на ДИК


Врз основа на приговорите од ДПА на 13 избирачки места во Чаир ќе има прегласување, одлучи Државната изборна комисија (ДИК), на маратонската седница на ДИК која почна вчера претпладне, а заврши утринава. Причина за поништувањето на гласовите во 13 изборачки места е преправањето на веќе запишаните бројки за резултатите од гласањето од страна на изборачките одбори. ДУИ може да поднесе жалба до Управниот суд и да го оспори прегласувањето.
Вчера ДИК ги прифати приговорите за три избирачки места во општина Струмица. Меѓутоа овде имало повредеа на текот на гласањето па затоа на 7 април ќе се прегласува на овие избирачки места, па доколку цензусот на Заев падне под 50 проценти тогаш втор изборен круг ќе се организира на 21 април.Вчера исто така не беа прифатени приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во општина Кичево.
Денеска до 19 часот истекува рокот до кога партиите можат да поднесат тужби до Урпавниот суд и да ги оспорат резултатите. Одлуката на Управниот суд е конечна.
XS
SM
MD
LG