Достапни линкови

Американските командоси им ги предадоа проблематичните области на Авганистанците


Американските специјални сили им ги предадоа нивните бази на авганистанските сили во стратегиските региони во централен Авганистан. Во соопштението од НАТО се наведува дека трупите на Алијансата ќе им ги предадат безбедносните надлежности на нивните авганистански партнери и во други региони на Авганистан, како што ќе расте нивниот капацитет и способности.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи бараше да дојде до примопредавње по обвинувањата за убиства, тортура и киднапирања што пак, беше демантирано од официјални претставници на САД.
XS
SM
MD
LG