Достапни линкови

Во кварт во Белград експлодира гасовод


Во близина на тунелот Стражевица во белградскиот кварт „Петлово брдо“ утрово експлодира гасовод. Нема повредени во експлозијата. Пламенот беше висок 30 метри, но не предизвика опасност за населението, бидејќи првите куќи се на околу еден километар од местото на пожарот. Четири противпожарни возила на „Србијагас“ со 15 пожарникари учествуваа во гаснење на огнот.
Причина за експлозијата е дефект во гасниот систем на магистралниот гасовод МГ-05 крај Ибарската магистрала.
XS
SM
MD
LG