Достапни линкови

Русија против НВО финансирани од САД


Русија соопшти дека продолжува со откривање на странски невладини организации во Русија кои се финансирани од САД . Портпаролот на Министерството за надворешни работи Александар Лукашевиќ и одговори на портпаролот на Стејт Департментот Викторија Нуланд кажувајќи и дека американското финансирање на организации во Русија е мешање во внатрешните работи. Тој рече дека Русија ќе продолжи со потрага за откривање на овие организации и дека акцијата има за цел да провери дали активностите на групите се насочени против руските закони и интереси.Претходно Портпаролот на Стејт Департментот Викторија Нуланд изјави дека овие инспекции биле насочени кон поткопување на важните активности на граѓанското општество во земјата.
XS
SM
MD
LG