Достапни линкови

ДИК ќе ги пребројува гласачките ливчиња во Чаир


Државната изборна комисија синоќа одлучи да се направи увид во гласачкиот материјал за Чаир за да се утврди дали се веродостојни изборните резултати во првиот круг за кои ДПА смета дека е направен фалсификат.Ако се потврдат наводите на партијата можно е и во Чаир да има втор изборен круг. Според изборните резултати во оваа скопска општина на изборите на 24 март победил кандидатот на ДУИ и досегашен градоначалник Изет Меџити. Според ДПА, Општинската изборна комисија во Чаир се обидела да прикрие голем изборен фалсификат во општината преку злоупотреба на официјални документи и печати.
XS
SM
MD
LG