Достапни линкови

Народен правобранител - се повеќе граѓани се жалат


Народниот правобранител Иџет Мемети денеска извести дека бројот на граѓаните кои бараат заштита кај нив постојано расте, а повредите на човековите права се се побројни. Минатата година до Народниот правобранител пристигнале вкупно 5220 преставки, од кои 4401 се завршени. Граѓаните се незадоволни од долгите судски процеси, а значително е зголемен бројот и на преставки кои се однесуваат на работата на извршителите. МВР, како што се наведува, не постапила по 40 случаи кои сеуште чекаат разрешница. Голем дел од граѓаните, вели Мемети реагирале бидејќи неможеле да го остварат своето право на инвалидска пензија, многумина не можеле да добијат социјалната помош. Но, она што загрижува е гломазната и нефункционална администрација.
Во извештајот на Народниот правобранител за 2012 година стои дека добиле 32 преставки од граѓани кои се жалеле на дискриминација при вработување, а системот за заштита на правата на децата сеуште е неефикасен.
XS
SM
MD
LG