Достапни линкови

logo-print

ДИК - прегласување во Струмица на 7 април


Трката за градоначалник на Струмица се уште не е завршена, бидејќи ќе има прегласување на првиот круг за градоначалник за Струмица на три изборни места. Вака одлучи мнозинството членови на Државната изборна комисија, која денеска го поништи гласањето на избирачките места 1730 и 1734, а во ноќните часови и избирачкото место 1727.
Вкупниот број на гласачи во овие три места е 3.255, од кои на локалните избори во неделата гласале 2.553 граѓани.
Од нив, 1.436 граѓани гласале за кандидатот на СДСМ Зоран Заев, 1.034 за Васил Пишев, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Прегласувањето ќе биде на 7 април и од него ќе зависи дали во Струмица ќе има втор круг.
Цела Македонија, но и Струмица виде како се одлучуваше во ДИК и каква одлука се донесе за Струмица. Ова го нема никаде, ова е невидена работа, изјави кандидатот на „Сојуз за иднината“а градоначалник на Струмица, Зоран Заев, по донесените одлуки во Државната изборна комисија.
XS
SM
MD
LG