Достапни линкови

Одиме понатаму


Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Значи да резимирам, никој не се фали, секој втор се жали, но овие од власта по не знам веќе осми пат добиваат на избори. Просто да не ти се верува. Голем број граѓани живеат со помалку од 100 денари на ден, прогласени како лидери во мизерија, а во исто време трошат 350 милиони евра за споменици и налудничав проект Скопје 2014, пишува за Радио Слободна Европа, Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Се случи и тоа „чудо“ заврши првиот круг од битката за локална власт. Но, заврши со сомнеж, страв, поткуп, малверзации, но и неверување. Секако, потиштен човек да не знае дали понекогаш и сопствениот памет го мами. Дури понекогаш се прашувам дали кога веруваш во добро и му мислиш добро на народот, народот тоа го препознава. Самиот себе да се запрашаш дали воопшто народот верува дека ти арно му мислиш? Или пак, можеби на народот му е толку добро што ти сам себе си се лажеш дека не му е...
Секој се жали како секој ден се помалку пари има, како му е страв човек од дома да излезе да не го сопре полицаец на улица и казна да му пише. Луѓето почнаа да се плашат сандачиња да отворат да не им пратиле од УЈП некој заостанат данок, долг или казна. Е, така изминува речиси секој ден, кога и да го сретнам некој пријател иста стара приказна во различни варијанти.

Цел овој изминат период ги прашувам пријателите како живеат? Никој да ми се пофали. Кого и да сретнам вели, ова веќе не оди вака, овие забегаа. Секој се жали како секој ден се помалку пари има, како му е страв човек од дома да излезе да не го сопре полицаец на улица и казна да му пише. Луѓето почнаа да се плашат сандачиња да отворат да не им пратиле од УЈП некој заостанат данок, долг или казна. Е, така изминува речиси секој ден, кога и да го сретнам некој пријател иста стара приказна во различни варијанти. Но, и тој пријател зборувал со уште десет пријатели кои го говореле истото.

Значи да резимирам, никој не се фали, секој втор се жали, но овие од власта по не знам веќе осми пат добиваат на избори. Просто да не ти се верува. Голем број граѓани живеат со помалку од 100 денари на ден, прогласени како лидери во мизерија, а во исто време трошат 350 милиони евра за споменици и налудничав проект Скопје 2014. Секој ден власта мора да се позајмува пари за да не дојде до банкрот, а народот си ужива. Па, ај, сега најди го крајот? Повторно добиваат власт, па и процентот на гласачите се намалил од предходните превремени парламентарни, ај донекаде разбирливо станува збор за локални избори, ама и не е разбирливо по настаните од 24-ти декември. А секој ден слушам овие мора да се сменат, мора да си одат.

Секој ден власта мора да се позајмува пари за да не дојде до банкрот, а народот си ужива. Па, ај, сега најди го крајот ? Повторно добиваат власт. А секој ден слушам овие мора да се сменат, мора да си одат.
Искрено не можам да поверувам дека граѓаниве, мува не ги лази кога станува збор за демократија и слободи. Па, нели почитувани сограѓани независноста, демократијата, слободата на говорот и медиумите, беа наши мисли водителки кога со денови и денови бевме на браникот на ОТПОРОТ. Ако не продолжиме да се бориме за тоа овој режим на контролирани медиуми, економија, страв, притисок и уцена, ќе премине во перфиден и изобличен, но навидум „модерен“ режим на владеење. Со наводни демократски принципи кои во темелите ги кријат горенаведните „вредности“ на општественото живеење прекриени со сјајот на обожување на преродбеникот и митскиот водач. Принципот ќе има за сите, само ако слушаш и работиш за четирите „свети“ букви (по можност и многу да не прашуваш) ќе ти донесат одредени привилегии и повластици, за кои ќе мораш понекогаш да одработиш нешто и не толку убаво.

И кој е крив? Сигурно не тој што го помисливте кога го прочитавте прашањето. Самите сме си криви. И баш би се вклопила една реплика од српскиот филм Професионалец тука, ама кој го гледал знае.

И кој е крив? Сигурно не тој што го помисливте кога го прочитавте прашањето. Самите сме си криви.
Направен е невиден фалсификат со гласовите на граѓаните, но сето тоа можеше да се поправи доколку решеа граѓаните да ја казнат власта, а не да ја казнат опозицијата. За изборната манипулација би можел да пишувам уште два дена и за удбашкиот систем кој го води оваа власт (кој нели наликува на едно друго време) за да ги извади граѓаните да гласаат, но не смееме да тргнеме во лов на вештерки.
Ни претстои вториот изборен круг каде што реорганизирани ќе треба да ја војуваме во оваа битка во оние општини во кои останаа нашите или коалиционите кандидати за градоначалници. Да се обидат да им ги отворат очите и да ги мотивираат да не се плашат од уцени и закани. Да не потклекнуваат на лажни ветувања, бидејќи ќе се загушат со сопствениот воздух.....за некое време.
Знам дека промените се потребни во оваа држава за доброто на сите. Имаме сили да донесеме промени....промени кои ќе бидат гарант за победа на следните парламентарни избори, затоа што оној кој ја запоставува демократијата за сметка на сигурноста не ги заслужува ни двете.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG