Достапни линкови

logo-print

Путин ја надгледува воената вежба во Црно Море


Руски воен брод на вежбата во Црно Море

Руски воен брод на вежбата во Црно Море

Рускиот претседател Владимир Путин е во градот Анапа на брегот на Црно Море, за лично да ги надгледува ненадејните воени вежби по негова наредба. Портпаролот на Путин, Дмитриј Пешков изјави дека на вежбите во Црно Море ќе учествуваат помалку од 7.000 војници, па не е потребно претходно да бидат известени соседните земји. Инаку, на вежбите се вклучени 36 воени бродови и непознат број воени авиони. Путин издаде наредба за овие воени вежби бидејки неколку руски воени единици не биле способни за брзо мобилизирање и распоредување кога во минатиот месец добиле команда за вежби.
XS
SM
MD
LG