Достапни линкови

Република Македонија - 20 години БЈРМ


Средба на претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун Скопје, Македонија

Средба на претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун Скопје, Македонија

Спорот со името прерасна во борба околу македонскиот идентитет, јазик и историја. Можно ли е решение?

Името Република Македонија(Скопје) било на дневен ред во 1992 година кога Британците, заедно со САД, му предложиле на тогашниот претседател на Македонија Киро Глигоров да аплицира за прием во Обединетите нации под тоа име, но македонската страна тогаш се повлекла од овој предлог. Ова го наведува универзитетскиот професор и прв министер за надворешни работи Денко Малески во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, а во кое тој зборува за периодот од 1991 до 1993 кога Македонија стана членка на ОН под привремената референца БЈРМ.
Гледајќи од оваа перспектива, тоа беше една трка помеѓу она што ние го правевме тогаш за влез во ОН од една страна и растечкиот национализам во Македонија којшто се манифестираше нели со песните „Едно име имаме... не го даваме“ итн., нешто што се пренесе и во расположението во политичките институции.

„Гледајќи од оваа перспектива, тоа беше една трка помеѓу она што ние го правевме тогаш за влез во ОН од една страна и растечкиот национализам во Македонија којшто се манифестираше нели со песните „Едно име имаме... не го даваме“ итн., нешто што се пренесе и во расположението во политичките институции, во Парламентот, каде што веќе стана исклучително тешко да се разгледуваат какви било варијанти коишто, по тврдењето на другите, на опонентите на таквата политика, ја навредуваат честа на државата, достоинството итн.“

Името Република Македонија(Скопје) беше на дневен ред и на самитот на НАТО во Букурешт во 2008. Премиерот Груевски изјави дека не прифатил име Република Македонија(Скопје), туку предлогот да биде ставен на референдум пред граѓаните доколку тој биде прифатен и од Грција Ова тој го кажа по обвинувањата од опозицијата дека во 2008-тата во Букурешт прифатил промена на уставното име. Груевски тогаш кажа дека Грција не го прифатила предлогот па немало ни референдум.

Резултатот што го имаме денес е што спорот со името прерасна во борба околу македонскиот идентитет, јазик и историја. Решение е можно само ако една од двете страни се откаже од митот за Александар, смета Малески.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу со поинаков став. Според него, она што може да донесе новина на овој план зависи и од внатрешно политичката ситуација во зависност од тоа како ќе се одвива политичкиот изборен процес во вториот изборен круг од локалните избори и како ќе се прифати резултатот од опозицијата.

„Во Грција гледаме, иако има некои изјави за иредентизам, гледаме поголема спремност за решавање на прашањето за името. Ако внатрешно политички кај нас работите во врска со ова прашање не се исполитизираат до максимум, реално има шанси да се омекнат ставовите на двете страни и процесот да се помрдне од позицијата кој е бетонирана веќе подолго време“, вели Муслиу.

Меѓутоа, она што паѓа во очи е дека пред вклучувањето на опозицијата во предизборната кампања слушнавме дека опозицијата ја повлекла бланко поддршката за решавање на прашањето за името.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG