Достапни линкови

Лавров: Тензиите со Северна Кореја можат да излезат од контрола


Русија смета дека зголемувањето на воените активности на Корејскиот полуостров предизвикуваат тензии кои можат да излезат од контрола. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва е загрижена што и покрај колективната и адекватна реакција на Советот за безбедност на Обединетите Нации, е превземена и унилатерална акција околу Северна Кореја со што се заголемени воените активности. Ситуацијата едноставно може да излезе од контрола, изјави Лавров, индиректно критикувајки го летот на американските стелт бомбардери до Корејскиот полуостров и новите закани од Пјонгјанг.
XS
SM
MD
LG