Достапни линкови

logo-print

ДИК и денеска разгледува пригорвори


Државната изборна комисија денеска продолжува со разгледувањето и одлучувањето по приговорите за изборниот процес поднесени од страна на политичките партии.
Законскиот рок од 48 часа на ДИК заврши синоќа во 19 часот, а членовите на Комисијата ја прекинаа седницата рано изутрината во три часот.
До синоќа до 21 часот поништено беше гласањето на едно избирачко место во Охрид, а делумно беа прифатени и со можност за прекршочни пријави или дисциплински постапки дваесетина приговори. Овие приговори се однесуваат генерално на прекршоци направени од страна на членови на избирачките одбори.
По истекот на рокот политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прегласување.
Рокот на Управниот суд завршува во понеделник, а веќе во вторник или среда треба да се изврши печатењето на избирачките ливчиња за вториот круг од изборите што треба да се одржи на 7 април.
XS
SM
MD
LG