Достапни линкови

Самоубиствен напад во Пешавар, 10 загинати


Најмалку 10 лица, меѓу кои и две жени, биле убиени денеска во самоубиствен напад врз конвој на безбедносните сили во пакистанскиот град Пешавар. Дописникот на Радио Слободна Европа од Пакистан јави дека цел на нападот бил началникот на пограничната полиција Абдул Маџед Марват, кој бил повреден. Одговорноста за нападот ја превзеле Талибанците.
XS
SM
MD
LG