Достапни линкови

Прва офанзивна мисија на ОН


Конго

Конго

Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно ја одобри првата офанзивна мисија на светската организација за сравување со бунтовниците во Конго. Три илјади војници на Обединетите нации имаат мандат за борбени операции со цел да бидат неутрализирани и разоружани бунтовниците. Во резолуцијата се наведува дека бригадата за интервенција е исклучок во траење од една година и оти остануваат принципите за мировните мисии на Обединетите нации. Бунтовниците и вооружени групи од соседните земји ја превзеле контролата врз големи области во источниот дел на Конго. Се смета дека Руанда и Уганда ги помагаат бунтовничките сили.
XS
SM
MD
LG