Достапни линкови

Иран,Северна Кореја и Сирија го блокираа договорот за трговија со оружје


Членките на Обединетите нации не успеаја да се договорат за значајниот договор за регулирање на глобалната трговија со оружје. Иран, Северна Кореја и Сирија го блокираа усвојувањето на првиот обврзувачки меѓународен договор. За да се усвои договорот беше потребна поддршка од сите 193 земји членки на ОН. Разговорите во јули минатата година завршија со неуспех, поради острата поделеност околу тоа каков треба да биде договорот, по што Генералното собрание на ОН реши да се одржи вонредна конференција. Иран и Северна Кореја се под ембарго за оружје на ОН поради нивните нуклеарни програми, додека Сирија е во граѓанска војна. Иранскиот претставник во ОН Мохамед Хазаи изјави дека нацрт договорот е „енормно подложен на политизација и дискриминација“. Договорот предвидува државите да ги ревидираат сите договори за прекугранична трговија со оружје, со што ќе се обезбеди дека оружјето нема да се користи за кршење на човековите права, тероризам или прекршување на хуманитарното право. Глобалната трговија со оружје се проценува на повеќе од 60 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG