Достапни линкови

Северна Кореја со нови закани кон САД


Американскиот бомбардер Б-2

Американскиот бомбардер Б-2

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјавил дека „било дојдено за израмнување на сметките со американските имеријалисти“. Оваа изјава ја пренесуваат државните медиуми, според кои Ким Јонг Ун наредил подготовки за ракетни напади врз САД и воени бази во Пацификот и Јужна Кореја. Ваквите информации доаѓаат по објавувањето на веста дека два американски бомбардери долетале над Јужна Кореја како дел од воените вежби со Сеул. Северна Кореја која изведе три нуклеарни проби се закани неколку пати со нуклеарни напади врз САД и Јужна Кореја. Во средата Северна Кореја соопшти дека во секој момент може да дојде до војна и оти разгледува да го поништи примирјето од 1953 година.
XS
SM
MD
LG