Достапни линкови

logo-print

САД: Русија спроведува „лов на вештерки“


Соединетите американски држави сметаат дека руските власти спроведуваат „ лов на вештерки “ против невладините организации. Во минатата недела руските власти побараа регистрација и финансиски документи од десетици руски и странски невладини организации низ целата земја. Портпаролот на Стејт Департментот Викторија Нуланд изјави дека овие инспекции биле насочени кон поткопување на важните активности на граѓанското општество во земјата.
Рускиот претседател Владимир Путин ја опиша тековната ситуација како „рутинска мерка“ со цел утврдување на тоа дали активностите на групите биле во согласност со руските закони и интереси. Невладините организациии ги критикуваа инспекциите тврдејќи дека тоа е постапка „без преседан“. ЕУ изрази загриженост.
XS
SM
MD
LG