Достапни линкови

За 6 часа руско летало стигна до Меѓународна вселенска станица


Руско вселенско летало со тричлен екипаж само за шест часа пристигна до Меѓународната вселенска станица, што е најбрзо досега. Во леталото Сојуз ТМА-08М, кое беше лансирано од космодромот Бајконур во Казахстан има еден американски и двајца руски космонаути. На претходниот вселенски брод му беа потребни речиси два дена за да стигне до Меѓународната вселенска станица која орбитира на околу 400 километри над Земјата.
XS
SM
MD
LG