Достапни линкови

Стандард и Пурс на Вол Стрит достигна нов рекорд


Берзантскиот индекс 500 на Стандард и Пурс на Вол Стрит достигна нов рекорд. СиП 500 вчера заврши со 1.569 поени, што е покачување за 6 поени или 0,4 отсто, со што го надмина рекордот од октомври 2007 година. Тоа значи дека овој индекс се зголемил за 10 отсто во првиот квартал од годинава и повеќе од двојно од најниското ниво што го достигна за време на финансиската криза. Индексот Дау Џонс се зголеми за 52 поени, или за 0,4 отсто, со што го достигна рекордот од 14,578 поени. Овој индекс уште претходно месецов го надмина рекордот од 2007 година. Аналитичарите велат дека зголемувањето е поттикнато од охрабрувачките економски статистики и повторното отворање на банките во Кипар.
XS
SM
MD
LG