Достапни линкови

Полицијата во Атина со солзавец растера студентски демонстрации


Полицијата во Атина вчера употреби солзавец за да растера околу 3.500 студенти кои протестирале поради реформите во образованието, усвоени во Парламентот, со кои се дозволува затворање или спојување на околу 20 отсто од високо образовните установи во земјата. За време на протестите студентите имале краток судир со полицијата. Грчкиот парламент со 148 гласа „за“ и 125 „против“ изгласа мерки врз основа на кои бројот на високо образовните установи од 534 ќе се намали на 405, а Владата тврди дека на тој начин ќе се овозможи поефикасна потрошувачка во секторот на образованието во земјата.
XS
SM
MD
LG