Достапни линкови

logo-print

ДИК делумно прифати 20-тина преговори


Истече рокот во кој Државната изборна комисија имаше задача да ги разгледа и да донесе одлука за приговорите кои пристигнаа од изборите единици каде што се забележани нерегуларности во изборниот процес. На седницата беа разгледани повеќе од половината поднесени забелешки за нерегуларности на изборниот процес од страна на политичките партии. Досега делумно се прифатени и со можност за прекршочни пријави или дисциплински постапки 20 двесетина приговори.
Делумно е прифатен еден приговор од СДСМ за Охрид што не влијае врз резултатите од гласањето. По истекот на рокот политичките партии ќе имаат повторно 48 часа да поднесат тужби до Управниот суд чии одлуки се последни и конечни и по кои ќе се знае дали и каде ќе има прегласување. Рокот на Управниот суд завршува во понеделник, а веќе во вторник или среда треба да се изврши печатењето на избирачките ливчиња за вториот круг од изборите што треба да се одржи на 7 април.
XS
SM
MD
LG