Достапни линкови

Папата Франческо им ги изми нозете на затворениците


Папата Франческо

Папата Франческо

Папата Франческо денеска им ги изми нозете на 12 млади затвореници во еден притворен центар во близина на Рим. Миењето на нозете на четврток пред Велигден е христијански обичај врз основа на верувањето дека Исус ги измил нозете на апостолите пред нивниот последен заеднички оброк пред неговото распнување.
Папата исто така одржа попладневна миса во притворниот центар, каде казна отслужуваат 35 мажи и 11 жени на возраст од 14 до 21 година. Претходно во базиликата Свети Петар почнува мисата со што стартува одбележувањето на годинашниот католички Велигден.
XS
SM
MD
LG