Достапни линкови

РЕК е главна политичка тема во Битола


СДСМ обвинува дека често се случуваат испади на блоковите, иако за нивната модернизација се потрошени 56 милиони евра. ЕЛЕМ реагира дека РЕК е во целосна погонска подготвеност.

Отежнат е ископот на јаглен во електро-енергетскиот гигант во Македонија, РЕК „Битола“, а на депонија намалени се количините со руда за преработка, обвинуваат битолските социјалдемократи. Пратеничката Весна Бендевска обвини дека често се случуваат испади на блоковите, иако за нивната модернизација се потрошени 56 милиони евра.

Секој ден по сто камиони од 30 тони или 3.000 тони дневно! Само за транспорт до Кичево до сега се потрошени 5 милиони евра за приватни превозници! Да транспортираш јаглен на 100 километри за вештачки да го држиш во функција Осломеј, а принудно да го онеспособуваш РЕК е навистина вон секоја памет. Колку дополнително ќе поскапи електричната енергија заради евентуален договор Грујо-Ахмети.
Весна Бендевска, СДСМ.
Понатаму, две недели поради дефект на багерот на работи подинскиот јаловински систем, а веќе седум месеци не работи новиот транспортен систем на јаглен од Брод Гнеотино, вреден 20 милиони евра. Според Бендевска, ваквата ситуација е последица и на секојдневниот транспорт на јаглен од РЕК за Осломеј Кичево.

„Секој ден по сто камиони од 30 тони или 3.000 тони дневно! Само за транспорт до Кичево до сега се потрошени 5 милиони евра за приватни превозници! Да транспортираш јаглен на 100 километри за вештачки да го држиш во функција Осломеј, а принудно да го онеспособуваш РЕК е навистина вон секоја памет. Колку дополнително ќе поскапи електричната енергија заради евентуален договор Грујо-Ахмети“, изјави Бендевска.

Таа презентираше и документ потпишан од директорот на Рудници, Спире Мавровски, во кого, како што вели, се признава акутниот недостиг на јаглен.

„Цитирам: случајот со одроните во 2008 и 2012 година ги промени и ги отежна експлоатационите услови. Драстично е опадната техничко-технолошката и сеопштата дисциплина во работењето, затворен цитат“, вели Бендевска.

Од ЕЛЕМ на обвинувањата одговорија преку писмено соопштение. Во него се вели дека РЕК е во целосна погонска подготвеност. Блоковите се исклучуваат зашто претежно се користи хидропотенцијалот за струја. Не негираат дека транспортниот систем од Брод Гнеотино не работи, но велат дека е сè уште под гаранција. За транспортот на јаглен за Кичево сметаат дека тенденциозна е тезата оти тоа е директна опасност за работата на РЕК. На крај посочуваат дека има доволно резерва со јаглен на депонија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG