Достапни линкови

Дневен печат - Смртта на Младенов ги засени сите други теми


Никола Младенов, новинар.
Никола Младенов, новинар.

Веста за трагичното загинување на основачот на Фокус Никола Младенов е прва во сите медиуми во средата и четвртокот, а дневниот Фокус излезе бесплатно, сиот посветен на неговата работа.

Борбата за слобода на искажаниот збор никогаш не престанува, таа секогаш трае... Ова се зборови на колегата Никола Младенов кој трагично го загуби животот и ги повторуваме како почит од колеги на колега. Инаку веста за неговиот крај е првата во сите медиуми во средата и четвртокот, а дневниот Фокус излезе бесплатно, сиот посветен на неговата работа.
Ако продолжи вака, не му бегаат ножици на буџетот - најдраматичното потфрлање е кај ДДВ, од кој во вториот месец од годинава биле прокнижени само 6,2 милиони евра.
Утрински весник.

По предизборната и изборната еуфорија, вообичаено следува оладување. Веста од министерството за финансии дека државната каса е испразнета на видно место ја објавува и анализира само Утрински: „Ако продолжи вака, не му бегаат ножици на буџетот - најдраматичното потфрлање е кај ДДВ, од кој во вториот месец од годинава биле прокнижени само 6,2 милиони евра“ - пишува Утрински.

СДСМ оспорува во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
Дневник.
И уште едно оладување, она со гласиштата дека НЛБ Тутунска е во лоша ситуација: „Шпекулациите дека банката е со проблеми ја сардисаа Тутунска во Прилеп - земјоделците се залетаа да ги вадат субвенциите“ - објавува Дневник, исто како и тврдењето на гувернерот Богов дека „Нема проблем со Тутунска, таа е една од најстабилните банки“.

Тука некаде се спровнува и веста од Државниот завод за статистика дека индустриското производство по речиси година и пол негативни резултати, во февруари покажало раст од 4,5 проценти во споредба со ланскиот ист месец, како што објавува исто така Дневник.

Работата на ДИК по приговорите за првиот изборен круг ја следат сите медиуми. „СДСМ оспорува во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ во Струмица“ - објаснува Дневник, кој исто така брои дека ова е седми едно по друго изборен пораз на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја зацврстија власта - првите триумфираат, Бихаќка во шок“ - насловува Утрински.

„Фатмир Дехари да гради соживот, а не да крсти улици“ - го пренесува Нова Македонија мислењето и на Македонците и на Албанците во Кичево по изборот на Дехари за градоначалник. Истиот весник оценува дека „Македонските граѓани гласаат шведски“, а Вечер оди понатаму од локалните. Редакцијата направила симулација со освоените гласови од локалните избори: „Ако изборите беа парламентарни, СДСМ ќе освоеше 37, а ВМРО-ДПМНЕ 62 пратеника“. А дека секој си ги толкува оценките на свој начин, покажува насловот, исто така во Вечер за оценката на МОСТ: „Гласањето се спроведе во мирна атмосфера со голема излезност“ - насловува весникот, одбегнувајќи ја притоа оценката на оваа невладина дека во предизборјето и на 24 март имало и сериозни прекршувања на изборниот закон.

Како за крај, една вест што ја објавува Дневник, а која потврдува дека нуждата ги зближува луѓето: „Македонците и Грците во Албанија со заеднички адвокат во Стразбур“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG