Достапни линкови

Комисија ќе ги истражува причините за кипарската криза


Протести против мерките на ЕУ за спас на Кипар

Протести против мерките на ЕУ за спас на Кипар

Кипарската влада денеска назначи комисија, која ќе ја истражува причината за банкарскиот крах на земјата. Советник на претседателот Константинос Петридис изјави денеска дека комисијата ќе биде задолжена да уврди дали има криминална, граѓанска или политичка одговорност за банкарската криза. Во комисијата ќе бидат вклучени тројца поранешни судии од Врховниот суд.
Според Петридис, претседателот Никос Анастасијадис одлучил да ја намали неговата плата за 25 проценти, а платите на министрите ќе бидат намалени за 20 отсто, а сите ќе се откажат од 13-та плата.
XS
SM
MD
LG