Достапни линкови

ДИК го поништи гласањето на едно избирачко место во Охрид


Локални избори 2013

Локални избори 2013

Државната изборна комисија го поништи гласањето на едно избирачко место во Охрид. Комисијата утврдила дека во избирачката кутија имало едно ливче повеќе од заокружените во списокот на лицата кои гласале. Службите на ДИК треба да проверат дали бројот на гласови од ова избирачко место во Охрид ќе влијае на резултатите за избор на градоначалник. Приговорот за гласањето во Охрид беше поднесен од СДСМ. Претходно, не беа прифатени 47 приговори за гласањето во Ресен, исто така поднесени од СДСМ.
ДИК досега разгледа повеќе од половината поднесени забелешки за нерегуларности на изборниот процес од страна на политичките партии. Делумно се прифатени и со можност за прекршочни пријави или дисциплински постапки 12 приговори. Рокот на ДИК за разгледување на приговорите завршува денеска во 19 часот.
XS
SM
MD
LG