Достапни линкови

Бетмен во нашиот Чикмак


Константин Петровски, блогер и фриленс новинар.
Константин Петровски, блогер и фриленс новинар.

Политиката е занает кој е магнет за морално најруинираните поединци во општеството и во таа збирштина на ликови на кои што им се потпишале стотина роднини и пријатели има се и сешто, но се плашам дека друго чаре нема. Тие ни се единствената надеж дека партиските машинерии на двете најголеми партии нема да ги голтнат како змеј скромните придобивки на кревката македонска демократија, пишува за Радио Слободна Европа, Константин Петровски, блогер и фриленс новинар.

Дајте го гласот за некој независен кандидат за градоначалник! Или листа за советници!
Но, големиот број на независни кандидати за градоначалници и советници на овие избори се одлична шанса да им упатиме порака на партиските естаблишменти – не ја сакаме вашата партократија!

Политиката е занает кој е магнет за морално најруинираните поединци во општеството и во таа збирштина на ликови на кои што им се потпишале стотина роднини и пријатели има се и сешто, но се плашам дека друго чаре нема. Тие ни се единствената надеж дека партиските машинерии на двете најголеми партии нема да ги голтнат како змеј скромните придобивки на кревката македонска демократија.

Сега - прво да расчистиме, не навивам за никој. И не ми се познати сите луѓе кои што на национално ниво на теренот на изборната битка истрчаа со „ноу лого“ дрес. Тука секако ќе мора сами да истражувате и да донесете одлука каде ќе оди вашиот глас. Но, големиот број на независни кандидати за градоначалници и советници на овие избори се одлична шанса да им упатиме порака на партиските естаблишменти – не ја сакаме вашата партократија!

Не сакаме шефот на локалниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да биде новиот секретар на ЦК КПЈ ( така се викаше нели?), кој како некој маалски левијатан ќе ја одредува судбината на покорната и приглупа раја. Здодеано ни е од социјал – демократски активисти кои плачат по митинзи дека не можат да си ги вработат личните им деца. На муабетот, белким досега требаше да разбереме, дека во тоа пусто државно не треба да се вработуваат наши, фини и домаќински, туку компетенти, добро образовани и со секој љубезни деца. И смачено ни е од експерти кои си вообразиле дека сировата политичка пропаганда која ја верглаат по телевизии е научен став.

Мислите дека не сум објективен? „Шо да прам“, ги немаме сите професионалните стандарди на СИТЕЛ и на ТЕЛМА. Но имајте предвид дека немањето на свој став и криењето под наметката на наводната објективност се еден од поголемите проблеми кои што го мачат македонското новинарство.
Какви се шансите на независните кандидати во тој свет (не оти некои од нив ги немаат овие особини, нема потреба од нездраво идеализирање) е друго прашање. Но мислам дека еден солиден број на гласови на нивната изборна сметка ќе биде порака која што партиските шефови од сите бои не ќе можат толку лесно да ја игнорираат. Можеби во недела, ние обичните граѓани ( демек простиот народ), имаме шанса да испукаме јуначка изборна победа која ќе биде почеток на крајот на еден поглед на свет.

Светот, посебно оној на политиката е детерминиран од парите, моќта, бруталната сила, бескруполозноста и итрината, за која што некој мудро забележал дека е интелегенција на глупавиот. Какви се шансите на независните кандидати во тој свет (не оти некои од нив ги немаат овие особини, нема потреба од нездраво идеализирање) е друго прашање. Но мислам дека еден солиден број на гласови на нивната изборна сметка ќе биде порака која што партиските шефови од сите бои не ќе можат толку лесно да ја игнорираат. Можеби во недела, ние обичните граѓани (демек простиот народ), имаме шанса да испукаме јуначка изборна победа која ќе биде почеток на крајот на еден поглед на свет. Слично на она, кога во далечната 1990 година се определивме за демократија и независност, 1998 кога му кажавме историско НЕ на просветлениот апсолутизам на Киро Глигоров, 2008 кога му порачавме на СДСМ да одмори малку на буништето на историјата и да си размисли за целокупниот животен пат и потоа да ни се јави со усвоени заклучоци...

Супер-хероите се тука, на улиците на градот кој е наводно конзулски, само им треба нашата поддршка!

Колку да прецизирам во оваа група ги вбројувам и кандидатите кои изборната трка ја трчаат како претставници на помали партии, кои што досега немале големо влијание во политичкиот живот. Ако во Битола едно десет проценти од вкупниот број на гласови одат во кошот на независните советнички листи и непартиските кандидати за градоначалници, во недела вечер ќе можеме со гордост да си кажеме – владеевме кратко, само еден ден, ама владеевме добро!
XS
SM
MD
LG