Достапни линкови

Атамбаев не сака да се меша во судењето на тројца пратеници


Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев

Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев изјави денеска дека не може да се меша во судскиот процес на тројцата опозициски членови на Парламентот. Атамбаев говорејќи пред стотици поддржувачи во градот Јалал Абад рече дека само судот може да одлучи за судбината на тројцата пратеници, кои се обвинети за нивната улога во насилните протести во октомври во минатата година. Судскиот процес против Камчибек Ташиев, Садир Јапаров и Талант Мамутов започна на 10 јануари.
XS
SM
MD
LG