Достапни линкови

logo-print

Парите кажуваат многу. Партиите многу повеќе трошеле, отколку што примиле пари за изборната кампања, покажуваат извештаите што партиите ги доставиле до Државната Изборна Комисија.

Партиите многу повеќе трошеле, отколку што примиле пари за изборната кампања, покажуваат извештаите што партиите ги доставиле до Државната изборна комисија. Политичките партии имаат обврска после 10 дена да достават извештај за финансирањето на кампањата, тоа го направиле сите партии. Но дел од нив се уште не го доставиле вториот извештај, кој треба да се достави на ден по завршувањето на изборите.

И на овие, како на претходните избори владејачката ВМРО-ДПМНЕ потрошила многу повеќе пари отколку што собрала. Сумирано до двата извештаја ВМРО-ДПМНЕ собрале 6.7 милиони денари или околу 110 илјади евра, а нивните расходи изнесуваат околу 92 милиони денари или околу 1.5 милиони евра, со што нивната
Дури за финансиските извештаи за првите 10 денови очигледната разлика помеѓу средства со кои се располага и средства кои се трошат е повекекратна, значи 40 пати повеќе, многу пати повеќе во износи на средства кои се трошат.

сметка останува покуса за 86 милиони денари или околу 1,4 милиони евра.

Опозициската СДСМ го доставила само првиот извештај, во кој се гледа дека имаат приходи од 15 милиони денари или околу 240 илјади евра, а расходите им се 13 милиони денари или 220 илјади евра.

Владејачката ДУИ според двата извештаи собрала 13.3 милони денари, а потрошила 14,2 милиони денари.
ДПА, пак, собрала малку повеќе од 1 милиони денари, а потрошила 892 илјади денари.
Приказ на вкупна цена на рекламирање по партија /коалиција во ТВ и печатени медиуми за локалните избори 2013.

Приказ на вкупна цена на рекламирање по партија /коалиција во ТВ и печатени медиуми за локалните избори 2013.


Парите на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ и на ДПА се само од донации, а СДСМ освен донации има и други приходи.

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл Македонија вели дека од извештаите се согледува дека е очигледна разликата меѓу приходите и расходите.

„Дури за финансиските извештаи за првите 10 денови очигледната разлика помеѓу средства со кои се располага и средства кои се трошат е повекекратна, значи 40 пати повеќе, многу пати повеќе во износи на средства кои се трошат.“

И за овие избори партиите најмногу трошеле за реклами. Оваа кампања се карактеризираше со целосна доминација на ВМРО-ДПМНЕ на рекламниот простор, а отсуство на СДСМ. Рекламите на телевизиите неретко го пречекоруваа тајмнигот за што некои телевизии беа и укорени, а во печатените медиуми, речиси на секоја втора страна партијата на власт потсетуваше за стореното, повикуваше да се гласа за дела и ги промовираше своите кандидат. Некаде при крајот со реклами се појавија и СДСМ, но тук таму, како да се каже дека и нив ги има, а билбордите и постерите овој пат изостанаа. Истите работи се забележува и кај албанскиот блок.

Тасева вели дека од извештиате е очигледно и во кои медиуми повеќе се презентирале партиите.

„Најмногу заработени средства од кампања во медиумите имаат телевизиите Алфа, канал 5, Сител, Алсат М. Партиите и коалициите исто така трошеле многу пари за бјавување на информации во печатените медиуми. Во печатените медиуми најмногу има поторешно ВМРО-ДПМНЕ како партија.“

Телевизија Алфа од партиите за изборите заработила 11,8 милиони денари или околу 190 илјади евра, Канал 5 6,1 милиони денари или околу 100 илјади евра, а Сител 5,5 милиони денари или околу 90 илјади евра.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ за рекламирање на ТВ и печатени медиуми потрошила скоро 24 милиони денари или 390 илјади евра.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG