Достапни линкови

logo-print

Фер избори со бројни нерегуларности?


И овие избори уште еднаш покажаа недостатоци во системот и злоупотреба на гласачите, но уште повеќе го отвораат прашањето дали и колку институциите потоа ќе се занимаваат со она што се случило на терен.

Семејно гласање, некористење на УВ лампи, фотографирање на гласачките ливчиња и евидентирање на гласачите од партиски активисти на самото гласачко место, се дел од неправилностите кои ги регистрираа набљудувачите кои го следеа изборниот процес.
И овие избори уште еднаш покажаа недостатоци во системот и злоупотреба на гласачите, но уште повеќе го отвораат прашањето дали и колку институциите потоа ќе се занимаваат со она што се случило на терен, вели Џабир Дерала од невладината организација Цивил. Досегашните искуства на организацијата не се позитивни.
ДИК која си има свој начин на работа во кој тие веројатно земаат предвид дел од тоа што ќе го чујат во медиумите, а изнесено од нашите организации, меѓутоа досега не сме виделе сериозен контакт во кој тие ќе го земат сериозно предвид тоа што ние го нудиме како материјал, како информација, како анализа, како препораки. Едноставно секој си ја тераше својата работа и ние бевме два раздалечени брода на многу широк морски простор.

„ДИК која си има свој начин на работа во кој тие веројатно земаат предвид дел од тоа што ќе го чујат во медиумите, а изнесено од нашите организации, меѓутоа досега не сме виделе сериозен контакт во кој тие ќе го земат сериозно предвид тоа што ние го нудиме како материјал, како информација, како анализа, како препораки. Едноставно секој си ја тераше својата работа и ние бевме два раздалечени брода на многу широк морски простор“, вели претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

Цивил на денот на изборите регистрираше повеќе неправилности како избришани лица од избирачките списоци, присуство на партиски активисти на гласачките места, купување гласови, гласање во туѓо име.

Драган Малиновски, поранешен претседател на Антикорупциската комисија, вели дека на овие избори евидентни се голем број нерегуларности кои се забележани и дека некои немаат ефект врз резултатот од гласањето, туку може да предизвикаат ефект во глобалната слика од аспект на фер и демократски избори кои ги задоволуваат стандардите.

„Мислам дека овие вториве, можеби по нивниот ефект не се толку жестоки или директно да резултираат во поглед на ефектот од изборите, меѓутоа може да бидат сериозна пречка при дефинирањето на Република Македонија дали таа задоволува во овој демократски процес или не задоволува“, вели Малиновски.

Во меѓувреме во ДИК во тек е разгледувањето на 428 приговори од кои најголем дел се поднесени од опозицијата. Рокот до кога треба да заврши разгледувањето е вечерва во 19 часот. Од комисијата велат дека вчера работеле неколку часа по полноќ.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG