Достапни линкови

Од Кипар до Португалија, заедничката валута е катастрофа. Ова се наведува во анализата објавена во „Форин полиси“, во која како политички последици од кризата во еврозоната се посочуваат евроскептицизмот и зајакнувањето на екстремните сили во Европската унија.

Дали најдобрите денови за Европската унија завршија? Само пред неколку месеци Унијата доби Нобелова награда за мир за декадите без поголеми војни, за западното свртување на поранешните советски сателити, за процутот на внатрешната трговија.

Но, сега нејзината можеби најголема грешка, еврото, се заканува да ја уништи Унијата, се наведува во анализата на „Форин полиси“, во која се додава:

„Во 1999 година традиционално силните валути од европскиот север се споија со послабите од југот да формираат нови пари посилни од оние што ги заменуваат.“

Под водство на Европската централна банка во Франкфурт, еврото беше замислено, но и навистина стана резервна валута како ривал на доларот.
Овие кризи би биле пократкотрајни доколку инволвираните земји, Грција, Португалија, Шпанија, сега Кипар, наскоро Словенија и можеби по втор пат Италија, поседуваа нивни валути. Но, тие користат евро, па нивната монетарна политика се креира во Франкфурт.

За разлика од северните земји кои и покрај тоа што не секогаш ги држеа под контрола нивните буџетски дефицити ја преживуваат европската криза, оние на југот со слаби банкарски системи креираа погодна почва за кризата која се протега од Лисабон до Никозија, се вели во текстот на „Форин полиси“ во кој се оценува:

Овие кризи би биле пократкотрајни доколку инволвираните земји, Грција, Португалија, Шпанија, сега Кипар, наскоро Словенија и можеби по втор пат Италија, поседуваа нивни валути. Но, тие користат евро, па нивната монетарна политика се креира во Франкфурт.

Наместо девалвација на нивните сопствени валути за да го поттикнат извозот, тие имаат комбинација на фискално штедење, дефлација и, како со Кипар, губење на имотот.

Луѓето на југот на Европа, како што пишува „Форин полиси“, разбирливо се несреќни. Тие имаат досадно чувство дека бирократите и политичарите во Франкфурт и Брисел ги туркаат во проблеми. Тоа се истите бирократи и политичари кои до неодамна ги привлекуваа да го прифатат еврото.
Долгорочно, проблемите во јужниот дел на еврозоната, ќе се зголемуваат. Земјите од југот имаат изградено тешки пензински обврски за идните пензионери и тоа во време кога нивните економии не се во можност да отвораат нови работни места.

Во таква ситуација, оние што користат се екстремните политички партии, пишува „Форин полиси“, додавајќи дека тоа не е карактеристично само за Грција или Италија, туку и за Британија и Германија, каде што од ден на ден расте евроскептицизмот.

Деновиве Јорго Шацимаркакис, германски пратеник во европарламентот предупреди дека Брисел и Франкфурт веќе ги разбудија европските националистички демони. Затоа тој за спас на еврото и на Унијата предлага штедењето да биде заменето со солидарност.

Долгорочно, проблемите во јужниот дел на еврозоната, ќе се зголемуваат. Земјите од југот имаат изградено тешки пензински обврски за идните пензионери и тоа во време кога нивните економии не се во можност да отвораат нови работни места. Генерално тие се соочуваат со поголеми ризици и со послаби можности отколку нивните северни соседи.

Еврото беше замислено за олеснување на трговијата меѓу членките на Унијата, но сега само ја продлабочува економската криза. Тоа создава можности за оние што се против основните принципи на Унијата: еднаквост и заемно почитување, се наведува во анализата на „Форин полиси“.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG