Достапни линкови

Судска истрага за смртта на Березовски


Британија ќе отвори судска истрага за смртта на поранешниот руски олигарх Борис Березовски. Тој во саботата беше пронајден мртов во неговиот дом во близина на Лондон. Досегашната истрага покажа дека смртта настапила со бесење. Се наведува дека ќе бидат потребни уште неколку недели пред да се добијат сите резултати од тестовите. Некои соработници на Березовски велат дека тој бил во депресија поради неодамнешните финансиски загуби. Тој направи големо богатство во Русија во текот на деведесетите години од минатиот век, но по кавгите со претседателот Владимир Путин емигрираше во Британија.
XS
SM
MD
LG