Достапни линкови

Блокиран судот во Митровица


Косовските Срби изутрината го блокирале влезот во Основниот суд во северниот дел на Митровица, каде што денеска треба да биде донесена пресуда за шесттемина Срби осомничени за мартовските немири во овој град во 2008 година. Припадници на Еулекс биле спречени да влезат во зградата на судот. Вратите кон Основниот суд биле блокирани од тешка механизација, еден багер и неколку камиони.
XS
SM
MD
LG