Достапни линкови

ДИК решава по приговорите за првиот изборен круг


Државната изборна комисија денеска треба да ја продолжи расправата по приговорите за изборниот процес. До синоќа биле одбиени 27 приговори на СДСМ за Кисела Вода и Штип, а делумно се уважува приговорот за Демир Капија, а лицето кое јавно го покажало заокруженото избирачко ливче може да заработи прекршочна пријава. Претходно ДИК ги одби 38те приговори на ДОМ и едниот на Демократска партија на Турците, за нерегуларности во Пласница. За приговор на Народното движење за Македонија, ДИК ќе решава дополнително. До ДИК во законски предвидениот рок, по затворањето на гласачките места по првиот круг од гласањето на локалните избори пристигнаа вкупно 428 приговори, најголем дел од нив има поднесено СДСМ.
XS
SM
MD
LG