Достапни линкови

Нелсон Мeндела повторно во болница


Нелсон Мeндела

Нелсон Мeндела

Поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мeндела бил пренесен во болница откако му се повторила инфекцијата на белите дробови. Во денешното соопштение на владата се прецизира дека 94 годишниот борец против апартхејдот бил хоспитализиран синоќа и оти бил на најдобар можен лекарски третман. Мeндела во почетокот на месецов беше на контрола, откако во минатиот декември мина три недели во болница. Тој 27 години беше во затвор поради заговор за соборување на владата на белото малцинство во Јужна Африка. Мeндела беше ослободен во 1990 година, а по четири години стана и претседател на таа земја.
XS
SM
MD
LG