Достапни линкови

„Стандард и Пурс“ го зголеми рејтингот на Турција


Меѓунардоната агенција „Стандард и Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Турција од нивото ББ на ББ+, како резултат на позитивните чекори во решавањето на курдското прашање, објави весникот „Хуриет“. Агенцијата оценува дека тоа ќе резултира со намалување на трошоците поврзани со безбедноста и ќе придонесе за подобрување на пограничната трговија на Турција. На 21 март лидерот на курдските бунтовници Абдула Оџалан, кој отслужува доживотна затворска казна во турски затвор, ги повика припадниците на Курдската работничка партија да ги запрат воените дејствија и да се повлечат од Турција. „Стандард и Пурс“ во соопштението посочува дека врз зголемувањето на рејтингот влијаел и фактот што Турција спроведува процес на ребалансирање на својата економија.
XS
SM
MD
LG