Достапни линкови

Дејановиќ - Анапурна 1 е поголем предизвик од Монт Еверест


Здравко Дејановиќ, македонски алпинист.

Здравко Дејановиќ, македонски алпинист.

Македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ ќе се обиде да го освои хималајскиот врв Анапурна 1 (8.091 метар). Станува збор за врв што е речиси 800 метри понизок од Монт Еверест, но и најризичната цел за планинарите од светот.

Охрабрен од успешното искачување на највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 метри), македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ во првата половина на мај ќе се обиде да направи нов, според него, најголем подвиг во досегашната дводецениска кариера - да го освои исто така хималајскиот врв Анапурна 1 (8.091 метар). Станува збор за врв што е речиси 800 метри понизок од Монт Еверест, но и најризичната цел за планинарите од светот. Тоа се потврдува со податокот дека Анапурна стана вечен дом за 40 отсто од оние кои се осмелиле да се искачуваат на неа, што е само еден од неколкуте огромни предизвици за членот на планинарското спортско друштво „Бистра“ од Скопје.
Анапурна 1 е најтежок врв за искачување, со најголема смртност и, мене што ме привлекува, Монт Еверест го имаат искачено 4.000 луѓе до сега, а Анапурна 1 ја имаат искачено само 170. Тоа е врв што најмалку е искачуван досега од планинари. Друг факт исто што ме влече мене, годишно во просек на Анапурна одат 70-80 врвни професионални алпинисти и од нив успеваат само еден до двајца да ја искачат Анапурна!

„Анапурна 1 е најтежок врв за искачување, со најголема смртност и, мене што ме привлекува, Монт Еверест го имаат искачено 4.000 луѓе до сега, а Анапурна 1 ја имаат искачено само 170. Тоа е врв што најмалку е искачуван досега од планинари. Друг факт исто што ме влече мене, годишно во просек на Анапурна одат 70-80 врвни професионални алпинисти и од нив успеваат само еден до двајца да ја искачат Анапурна! Тоа е значи за мене магнетот и желбата да одам таму, да се видам себе си колку вредам“, изјави Дејановиќ.
Здравко Дејановиќ, македонски алпинист.

Здравко Дејановиќ, македонски алпинист.


На пат за Непал, тој планира да замине наредната недела, по што на лице место ќе ги стартува финалните подготовки за освојување на врвот, на кој, покрај со честите лавини, ќе треба да се соочи и со големи стрмнини, како и со многуте вертикални насоки. Сето ова говори дека му претстои опасна мисија, во која и најмала грешка може да биде кобна. Здравко е свесен за тоа, но е и уверен дека има сили за исполнување на својот сон.
На Еверест учествував во руска експедиција од 16 луѓе и само осум успеавме да го искачиме, од кои само јас и еден Полјак успеавме да се симнеме од врвот без никакви проблеми. Значи никакви физички ни психолошки проблеми немав при искачувањето на Монт Еверест.

„Направив соодветни вежби претходниве 3-4 месеци, што јас не верувам дека било кој алпинист ги направил во историјата на Македонија, такви подготовки. На Еверест учествував во руска експедиција од 16 луѓе и само осум успеавме да го искачиме, од кои само јас и еден Полјак успеавме да се симнеме од врвот без никакви проблеми. Значи никакви физички ни психолошки проблеми немав при искачувањето на Монт Еверест. Тоа ми е најголемиот мотив да се осмелам да помислам да одам на Анапурна. Затоа што сум психо - физички спремен и затоа мислам дека би бил успешен на Анапурна“, додаде четвртиот Македонец кој стапнал на „покривот на светот“. Тој се искачи на Монт Еверест, пред три години, како дел од руско - полска експедиција. Пред него на највисокиот врв стапнаа Димитар Илиевски - Мурато во 1989 година, Глигор Делев во 2007-ма година и Сашко Кедев во 2009-та година.

Покрај овој подвиг, Дејановиќ се има искачено на уште 50-ина планини, од кои како најзначајни ги издвојува повисоките од 5.000 метри - кинескиот врв Мустаг Ата (7.546 метри), Пик Легид во Киргистан (7.146 метри), највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва (6.960 метри, Аргентина), највисокиот врв во Европа, Елбрус (5.642 метра, Кавказ - Русија), како и Арарат во Турција (5.165 метри).
XS
SM
MD
LG