Достапни линкови

Разрешен генералниот директор на Банката на Кипар


Генералниот директор на Банката на Кипар Јанис Кипри е разрешен од функцијата, соопшти денеска официјален претставник на најголемата банка на островот. Смената се случи по назначувањето на специјален администратор во Банката на Кипар, која се спаси од колапс, откако беше постигнат финансискиот договор со ЕУ.
Претседателот на Бордот на директори на Банката на Кипар Андреас Артемис вчера поднесе оставка, но Бордот не ја прифати. Артемис поднесе оставка заедно со четири членови на Бордот поради несогласувања со плановите на владата за враќање во нормала на банкарскиот сектор во земјата.
XS
SM
MD
LG