Достапни линкови

Дали е време за ребаланс на буџетот?


Собраниска комисија за финансирање и буџет. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на 2 мај 2012 година.

Собраниска комисија за финансирање и буџет. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на 2 мај 2012 година.

Дупката во буџетот во првите два месеци се проценува на 107 милиони евра. Предвидениот дефицит на годишно ниво е одреден на 270 милиони евра.

Додека политичките интереси ги надминуваат економските, дупката во буџетот може само да се проширува, сметаат дел од економистите, според кои ако очекувањата за полнење на државната каса се премногу амбициозни, ќе биде потребен ребаланс на расходите.
Мислам дека има големи расходи во смисла на финансирање на овие избори.

Дупката во буџетот во првите два месеци се проценува на 107 милиони евра. Предвидениот дефицит на годишно ниво е одреден на 270 милиони евра.

Повратот на ДДВ на стопанството секако придонесува кон зголемувањето на дефицитот, но тука се и изборите, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.

„Мислам дека има големи расходи во смисла на финансирање на овие избори. Втора работа е што странските инвестиции што владата ги промовираше, тој тренд ќе се намали, ако и веќе имало позитивен тренд, затоа што во нестабилна држава со многу фрагилни да кажеме институции, странските инвеститори ги избегнуваат овие држави.“
Друго прашање е дали тоа евентуално индицира дека стопанската активност е послаба отколку што се планираше кога се планираше буџетот што може да значи, ако е така, дека ќе биде потребно да се врши ребаланс во некој момент.

Во пресрет и за време на избори владата се фокусира на некапитални расходи, имено троши на неисплатливи работи, смета Адеми, и додава дека ако има предвремени парламентарни избори, дефицитот ќе расте.

„Мислам дека ќе се финансираат да речеме социјалните случаи или пензионерите, да се „купат“ тие гласови преку тие програми и мислам дека таа дупка ќе се зголемува.“

Само во февруари државата потрошила над 60 милиони евра од собраното преку даноци и царини. Вообичаено е првите два месеци од годината да се послаби во поглед на прилив на пари во народната каса, вели д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии.

„Друго прашање е дали тоа евентуално индицира дека стопанската активност е послаба отколку што се планираше кога се планираше буџетот што може да значи, ако е така, дека ќе биде потребно да се врши ребаланс во некој момент“, вели Глигоров.

Владата проектираше буџетски дефицит од 3.5 проценти од Бруто домашниот производ со план за санирање на минусот преку задолжување со странски кредити и државни обврзници.
XS
SM
MD
LG