Достапни линкови

ДИК ќе решава по приговорите од првиот круг на локалните избори


Државната изборна комисија денеска ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените приговори за гласањето, сумирањето и утврдувањето на резултатите од првиот круг на локалните избори, одржани во неделата на 24. март.
Претседателот на ДИК Борис Кондарко на синоќа информира дека се пристигнати повеќе стотици приговори од повеќе партии, а најмногу од опозицијата.
ДИК е должна да донесе одлука во рок од 48 часа. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 48 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.
XS
SM
MD
LG