Достапни линкови

logo-print

Изборите ги извадија поделбите на виделина


Првиот круг од локалните избори уште еднаш на виделина ја покажа големата поделеност кај народот, како партиска, така и етничка.

Првиот круг од локалните избори уште еднаш на виделина ја покажа големата поделеност кај народот, како партиска, така и етничка. Експертите велат дека таквата поделеност може да заврши многу сериозно, ако не се преземе нешто.
Придонесуваат за долевање на маслото на огнот на етничката нетрпеливост, наместо да придонесуваат за стабилизација на земјата и градење на меѓуетничката доверба. Тоа е многу штетна улога кои самите одбираат да ја играат.

Водечките етнички и македонски и албански партии наместо фактор на стабилност, се претворија во фактор на нестабилност, вели професор Здравко Савески.

„Придонесуваат за долевање на маслото на огнот на етничката нетрпеливост, наместо да придонесуваат за стабилизација на земјата и градење на меѓуетничката доверба. Тоа е многу штетна улога кои самите одбираат да ја играат.“

Савески додава дека граѓаните треба да бидат свесни за таквото штетно влијание на партиите и треба да им кажат дека така не смеат да постапуваат. Но многу е тешко граѓаните тоа да го направат, вели Савески.
Мислам дека тоа што се отвори на овие избори како пандорина кутија од страна на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека нема да и прави добро на Македонија и на меѓуетничките односи.

Откако коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ во Кичево загуби и за градоначалник беше избран Албанец, премиерот Никола Груевски во Кичево беше дочекан во тензична атмосфера. Кичевчани извикуваа „Кичево е македонски град“, а премиерот рече дека го „разбира нивниот гнев и дека Кичево е и ќе остане Македонија“.

Професор Арсим Синани вели дека реториката која ја користеше владејачката партија на изборите и штети на земјата.

„Мислам дека тоа што се отвори на овие избори како пандорина кутија од страна на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека нема да и прави добро на Македонија и на меѓуетничките односи.“

Од друга страна албанските политички партии беа многу поумерени, вели Синани.

„Покажаа разбирање и ја избегнаа оваа ситуација која не беше убава и која ќе ги наруши не само односите, туку тоа ќе влијае и на младите да имаат некаков гнев и тој гнев од економските и од другите проблеми да се префрли на меѓуетничките односи.“

Експертите не очекуваат реториката и поделбите да запрат во вториот изборен круг. Според нив, националистичката реторика ќе продолжи, ќе продолжи и поделбата на „наши и ваши“, на „предавници и патриоти“. Но, додаваат дека ветувањата и зборовите ќе отидат во воздух, а поделбите ќе останат. Тие порачуваат решението да почне да се бара уште денеска, оти во спротивно излезот ќе биде тешко достапен.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG